Клубот на млади на Црвениот Крст при општина Кисела Вода и Олд Скул кафе имаат супер идеја – да се обединат зад нешто кое вреди непроценливо многу.
Во случајов, највредното се вика Никола, има големо и храбро срце кое има потреба од други луѓе со големи срца. А такви, фала богу, има.Овој осмооделенец има проблеми со срцето од бебе, 2 операции зад него и пред трета која треба да промени се. Она што ќе го собереме можеби ќе е капка во морето, ама и таа капка ќе капне во вирот на животот и ќе му значи на храброто дете.
Затоа Олд Скул и ЦК Кисела Вода прават целовечерен донаторски евент на кој ќе свират, пеат или на друг начин ќе ги задоволуваат нашите музички потреби. Вечерва во 20 часот
Џон Илија Апелгрен
Вук Малетиќ
Влатко Илиевски
Арбен Бени Шаќири
Влатко Георгиев-Владич
Владе
Караоке со Александра
Филип Огњан во својство на целовечерен магионичар.
Ќе има кутии за донирање, а Олд Скул добар дел од прометот ќе го прати на оваа сметка преку која можете да делувате и вие:
Назив: Николовски Никола
Скопје- Хуманитарна
Ж-Ска: 300001000006016
Комерцијална банка – Скопје
Назив: Маргарита Николовска
Ж-ска: 300007068692773
Комерцијална банка- Скопје
Има и број за корисниците на ОНЕ: 075-143-114
Повеќе детали тука: http://www.donacii.mk/
А на наредната рокенрол дружба во Олд Скул, има да го видиме и него, насмеан и со гитара во рака 🙂