Пред 12 поголеми супермаркети на територијата на општина Карпош денеска и утре ќе се спроведе хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“.
Целта на акцијата, што традиционално се спроведува во пресрет на Велигденските празници, како што нагласуват од локаната самоуправа, е да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани на општина Карпош.
– Карпошани на импровизирани штандови поставени пред маркетите денеска и утре во перидот од 9:00 до 13:00 часот ќе можат да донираат конзервирана храна, средства за лична хигиена и кондиторски производи за да им помогнат на своите соседи на кои помошта им е најпотребна, потенцираат од општина Карпош.