Хуманитарна кампања „И јас сум Дедо Мраз“ на здружението „Проект среќа“


Хуманитарна кампања „И јас сум Дедо Мраз“ на здружението „Проект среќа“. Кампањата има за цел да обезбеди новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија, а во неа ќе се вклучат многу од нашите познати личности.

Денес, (1 декември), почнува проектот „И јас сум Дедо Мраз“, новогодишната кампања на здружението „Проект Среќа“. Кампањата има за цел да обезбеди голем број на новогодишни подаро ци за децата кои живеат во сиромаштија. Како изненадување, подароците во нивните домови ќе им ги донесе лично Дедо Мраз.
„ Целта ни е што повеќе луѓе, особено јавни личности кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи да се приклучат кон оваа кампања, да ја промовираат и да станат дел од неа. Ги поканивме нашите пријатели од јавниот живот од 1 до 10 декември, да купат новогодишен подарок или онолку колку што можат подароци, за деца до 11 години. Ги замоливме подароците убаво да се завиткани, и на нив да стои за која возраст е и од кој пол е детето. Потоа, фотографии од подароците да се објават на социјалните мрежи со хаштаг #ијассумдедомраз #проектсреќа. На тој начин, јавните личности ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото. Важно е кај сите да се разбуди алтруизомт и хуманоста, токму за Нова година, кога тие деца и луѓе кои немаат, се чуствуваат отфрлено“, изјави Кристина Арнаудова, основач на здруженито „Проект Среќа.“
Подароците се донираат до 18 декември, во канцелариите на Здружението на улица Христо Смирненски бр. 4/5, близу до Универзалната сала. За сите информации, обратете се кај координаторот на проектот Благица Ристов, на 078-405-264.
Од 20 до 27 декември Дедо Мраз ќе ги посети децата во нивните домови , а на списокот има повеќе од 200 дечиња. Потрдата за учество во проектот „И јас сум Дедо Мраз“ веќе ја одобрија повеќе наши јавни личности: пејачи, актери, спортисти, политичари.
Ви благодариме на отстапениот простор во вашиот медиум.
Со почит,
Здружение Проект Среќа.
Кристина Арнаудова, претседател.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1