Турската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величенствениот“, деновиве престојува во Белград поради снимањето на филмот за големиот турски освојувач.
Мерјем во тајност пристигналавоСрбија, но по две недели решила да си даде оддишка. Таа со своето момче, актерот Озан Гувен, кој во серијата го глуми Рустем Паша, и остатокот на екипата која работи на филмот излегле малку да се забавуваат. Во саботата околу полноќ тие го посетиле познатиот белградски сплав „Шејк енд Шејк“ и останале таму до раните утрински часови.
– Мерјем беше опуштена,без средена фризура и без гламурозна облека. Целосносе опушти, и ги замолила менаџерите на сплавот да не пуштаат папараци.Со присутните гости беше опуштена а со некои и се фотографираше – открил извор кој се нашол на лице место. за српски „Курир“.
Актерката соекипата се сместила во централното сепаре, каде наздравувала со своите колеги, но и се бакнувала со своето момче.
– Првин пиеше шампањско, а потоа нарача српска ракија, која посебно и се допадна – додал изворот.
Узерли во Белград изнајмила вила во населбата Сењак во кој ќе престојува неколку месеци. Локациите на снимањето на филмот се држат во тајност.