Иако заврши најпопуларната турска серија „Величествениот“, ова е среќна вест за фановите – ќе се снима и игран филм за Сулејман, во кој главната улога ќе ја игра актерката Мерјем Узерли.
Имено, приказната за Величествениот гледачите набрзо ќе можат да ја гледаат и на филмско платно.
Режисерите по огромната гледаност на серијата решиле да снимаат и филм. Премиерата е закажана за крајот на 2015 година, а првите сцени ќе започнат да се снимаат уште во август годинава.
Убавата Мерјем Узерли веќе ја потврдила улогата во филмот, а освен неа ќе се појави и актерката која ја толкуваше улогата на возрасната Хурем.