Еден од шеиците во Дубаи кој е голем обожавател на актерката Мирјем Узерли, најавил дека ќе и купи вила со 7 соби, 9 тоалети, базен и теретана, секако ако тоа и се допадне.
Актерката која е позната по улогата на Хурем султана, во Дубаи ќе го претстави новиот проект. Арапите се воодушевени од нејзиното доаѓање и на користење ќе и дадат луксузна вила која вреди милион долари.
На располагање ќе има седум соби, девет тоалети, безен и теретана. Еден од локалните шеици е нејзин голем обожавател па најавил дека ќе и ја купи вилата доколку и се допадне, пишува 24сата.хр.
Арапите мислеле и на нејзината девемесечна ќерка Лара, па ги заштитиле сите остри агли во куќата. Мирјем во Дубаи ќе помине една недела и вели дека секогаш убаво си поминува таму, а особено се радува на нивните специјалитети.