И автомобилот на Аделина Тахири настрада во Грција


adelina tahiri

Со црвен спреј покриени ознаките МК, а со истиот испрскани и браниците – ваков третман доби „пасатот” на македонската пејачка Аделина Тахири во Грција.

Меѓу останатите оштетени автомобили на плажа во Неа Врасна настрадал и нејзиниот, јавува Сител.

Познатата пејачка која од дете оди на одмор во туристичкото место Асправалта каде нејзиното семејство има и вила е згрозена од случајот.

Иако случајот го пријавила во грчката полиција, Аделина од таму не добила потврда.

Покрај Аделина, во МВР оштетување на автомобилот пријавиле уште двајца македонски државјани.

Во Неа Потидеа на гевгеличанец и струмичанец им ги украле табличките. Сите тројца случајот го пријавиле во грчката полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1