15 американски сојузни држави, на претседателските избори покрај за актуелниот претседател Барак Обама или неговиот опонент Мит Ромни, својот глас можат да го дадат и за Дедо Мраз (Santa Claus).
Во Невада живее човек со име Дедо Мраз и тој се кандидира за претседателската фунција.
Претходно, мажот се викал Томас О’Конор, но откако пуштил долга бела брада го сменил името.
Дедо Мраз (65) не е женет, а претходно работел како полицаец. Тој не е член на ниту една политичка партија.
Дедо Мраз вети дека ако победи на претседателските избори, што се закажани на шести ноември, ќе продолжи со сегашната работа – да им дава подароци на децата за Божик.
– Ако станам претседател, ќе земам неколку елени со мене, тие ќе живеат во дворот на Белата куќа. Додека џуџињата ќе останат на Северниот Пол, како и досега и ќе се подготвуваат за Божик, наведе Дедо Мраз.