И ден денес никој не знае каде исчезна – мистеријата на Амелија Ерхарт


Авион со кој управувала познатата авијатичарка Амелија Ерхарт, исчезнал без траг и никогаш не е пронајден

emilija erhart-Вакви случувања не плашат. Кога на некој ќе му кажете дека контролата е само илузија, и дека се уште е многу веројатно да исчезне авион без трага, никој тоа не сака да го слушне, вели Рик Гилзпи, поранешен аналитичар на САД, кој го истражувал исчезнувањето на нејзиниот авион, а потоа се преточил во книга.

Амелија исчезнала на 6 јули 1937 година во Пацификот, во обид да го прелета светот. Последниот контакт со неа не укажувал на никаков проблем. Таа се јавила на контролата на летот и најавила дека продолжува со патувањето кое претходно го договорила. Имала доволно гориво, времето не било проблематично. Се течело според планот.

Токму тој ден, Амелија исчезнала од лицето на земјата. Нејзиниот авион исчезнал на потегот меѓу Хаваи и Австралија. Потрагата траела 13 дена. Тоа била една од најскапите потраги за исчезнат авион и изнесувала преку 4 милиони долари.

Амелија официјално била прогласена за мртва на петти јануари следната година.

Седум децении подоцна, се уште кружат митови за нејзиното исчезнување. Некои теории велат дека и снемало гориво, друго на Бермудскиот триаголник, додека трети сметаат дека таа го наместила тоа и дека уште долго живеела во САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1