Во понеделник времето ќе биде слично со она кое го имавме во недела. Претпладне повторно ќе има магла во поголем дел од котлините и речните долини, а во повисоките региони ќе преовладува сончево време. Попладне, со прогресија од запад кон исток, ќе започне наоблачување. Попладне и маглата низ котлините значително ќе се намали, а со тоа значително ќе се зголеми видливоста, јавува Метеопро.
Минималната температура ќе има вредност околу -3° низ котлините во поголем дел од земјата. На повисоките места во западниот крај минималната температура ќе има вредност околу 0°С, додека утрото во источниот крај ќе биде постудено со минимална темпратура околу -4°С.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 9°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Мало стагнирање на температурата во текот на денот ќе има во котлините каде ќе има магла. Таму постои веројатност максималната температура да не надмине 7°С.
Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 11°С.