ФОТО: Цело семејство трага по оваа 38 годишна Македонка


Четири дена полицијата и семејството трага по исчезнатата 38 годишна Лепа Јангелова од штипското село Радање.

Во средата навечер оклу 20 часот, таа заминала од дома сo две ќесиња алишта и повеќе не се вратила. Последен пат била видена кај селската чешма.

–  Се качила во кола и тоа е последната вест- изјави за СИТЕЛ Илчо Петрушев, нивни сосед.

lepa

Нејзиниот сопруг вели дека често пати не се кажувала каде оди, но досега секогаш се враќала.

-Не се јавува каде оди. Ми бегала и не можам да ја најдам-изјави Јорданчо Манев, сопруг на Лепа

Мајката на Лепа и нејзиниот брат штом разбрале дека ја нема веднаш дошле кај сватовите. Тие стравуваат од најлошото.

– Дека отиде, дека не, жива ли е, умрена ли е, ја отепа ли некој, ништо не знаеме- изјави Стојанка  Јангелова –мајка на Лепа

Обидите на домашните да стапат во контакт со неа досега биле залудни. Телефонот заsвонил само еднаш, кога не Лепа, туку некој друг се јавил на повикот од нејзината ќерка.

– Таму некое машко се јавило, рекло мајка ти е кај нас, нема да си доаѓа-изјави братот на Лепа.

Лепа и Јорданчо живеат 13 години заедно. Имаат две малолетни деца, на кои најмногу им недостасува.

– Лепко да си дојдеш дома. Ние со децата за никаде сме- изјави  Далиборчо Манев, девер на Лепа.

Семејството ја барало Лепа во кочанските села Спанчево и Облешево, за каде се сомневале дека може да замине, но засега потрагата не вродила со плод.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1