Филмот за големиотразобличувач на програмите за електронска следење на американските тајни служби Едвард Сноуден – “Citizenfour” – освои “Оскар”.
Наградата ќе биде споделена меѓу продуцентите Лаура Појтрас, Матилда Бонефу и Дирк Вилуцки.“Исклучително многу ни е мило да ја добиеме оваа номинација”, рече Појтрас порано.Таа го режираше филмот.
“Длабоко сум му благодарна на Едвард Сноуден за ризикот што го презеде за да ја покаже вистината, за довербата што ја покажа кон новинарите и за тоа што ми дозволи да го запечатам овој момент од неговиот живот, кога залогот не можеше да биде поголем” , додаде таа. Премиерата на документарниот филм беше на 10 октомври 2014 година за време на филмски фестивал во Њујорк. Документарениот филм ќе биде прикажана на телевизијата HBO ден по доделувањето на “Оскарот”