Поскапе бензинот и тоа бајаги – еве која цена ќе ја има од полноќ


Малопродажната цена на бензините се зголемува за три, а на дизелот за четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

benzin benziska mk3

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65 денари , а на  Еуросупер БС-98 ќе биде 67 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по 55 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 43,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  која ќе изнесува 26,18 денари за килограм.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1