Бидејќи на поранешната девојка и ги читал СМС пораките, 24-годишен Италијанец е осуден на затворска казна од две години.
Тој и го одзел мобилниот телефон на поранешната девојка, па ги читал сите нејзини пораки.
Во првиот ваков судски случај, италијанскиот суд објаснува дека насилно одземање нечиј телефон е еднакво на кражба, јави Corriere del Mezzogiorno.
Според судот, момчето, кое е жител на Барлета, ја нарушил приватноста на девојката со тоа што сакал да и ги прочита приватните пораки.
Во своја одбрана момчето рекло дека неговата акција не е неоправдана, затоа што сакал на таткото на девојката да му докаже дека го изневерила.