Дебора Питерс некогаш живеела во селото Чибок, истото село во кое терористичката група Боко Харам на 15-ти април киднапирала околу 300 девојки.
Таа раскажува како три членови од групата дошле во нејзиниот дом во 2011-та година и ги убиле нејзиниот брат и татко. Братот и го убиле бидејќи еден ден би можел да стане свештеник. По ова, Питерс за заврзале за мртвите тела на татко и’ и брат и’, а ја ослободиле Нигерските војници кои пристигнале во селото дури следниот ден на позивот на нејзините соседи.Дебора Питерс сега живее во Вирџинија, каде што посетува училиште со платена школарина. Главниот обвинител на САД, Ерик Холдер ги осудил Боко Харам во вторникот, нагласувајќи дека киднаперите во април “си го покажале вистинското лице на групата”.
Американскиот State Department го потврди присуството на својот петчлен тим во Нигерија, кој прави напори за изнаоѓање на киднапираните девојки. Во Нигерија, САД испратиле и два извиднички авиони за да им помогнат во потрагата, пренесува AP.









