И го краде бебето од рацете – камерите снимиле се (Видео)


Безбедносната камера од железничката станица во Мумбаи, го покажала моментот кога на една мајка, додека спиела и било украдено бебето. Две месечниот Салман Шаик е киднапиран од мајката на прометната станица, а полицијата не успеала да го пронајде детето, ниту киднаперот и покрај фактот што целиот драматичен настан бил снимен.

336408_beba-01_fМајката на несреќното бебе, изјавила дека била приморана да го напушти својот сопруг, земајќи ги нејзиниот син, и тригодишна ќерка, поради нивната расправија и била приморана да преспие на железничката станица.
Накратко откако заспала, непознат маж го киднапирал нејзиниот син, кој лежел веднаш до нејзината сестра.
Безбедносната камера го покажала човекот кој бил во бела кошула и црни панталони, кој кружел околу семејството, а потоа и се доближил. Неколку минути потоа, се гледа како го зема Салман и полека се оддалечува.
Полицаецот Равиндер Далви вели дека потрагата за детето и киднаперот не била успешна.
„Се уште работиме на случајот и по сите податоци, тој го напуштил градот. Се надеваме дека ќе го пронајдеме детето и ќе го вратиме на неговата мајка“, вели Далви.
Во Индија секоја година исчезнуваат околу 90,000 деца, а најчесто завршуваат како просјаци или во проституција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1