И извршителите ќе простуваат долгови на граѓаните


Комората на извршители донесе одлука да се приклучи на владината акција за еднократен отпис на долговите на најсиромашните граѓани. Во изјава за eкономски.мк претседателот на Комората на извршители, Зоран Петрески, вели дека на овој начин и тие ќе придонесат за подобрување на статустот на најранливите категории граѓани во државата.

„Извршителите се откажуваат од наградата и трошоците направени во постапката на извршување. Очекуваме дека на овој начин ќе придонесме за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Петрески.

Претходно, одлука за приклучување кон владината акција донеса и двете најголеми банки во државава, Комерцијална и Тутунска, а акцијата ќе ја поддржи и ЕВН Македонија.

dolg izvrsitel dokumentМинистерството за финансии распиша оглас на кој треба да се пријават сите правни лица кои имаат побарувања од сиромашните граѓани. Огласот е отворен до 11 август.

Во следната фаза, лицата кои ги исполнуваат условите за отпис ќе треба да ги достават документите до Центрите за социјална работа во општините во кои што живеат. Отписот ќе започне од септември, ќе важи за долгови направени до 31.12.2013 година по основ на неплатени сметки за струја, парно, радиодифузна такса, потрошувачки кредити и минусни салда, ќе се отпишуваат и нотарските и извршителските трошоци.

Проектот за отпис на долговите ќе значи бришење на долговите на околу 50.000 до 100.000 најсиромашни граѓани во земјава. Ова беше едно од клучните ветувања дадени од ВМРО ДПМНЕ пред изборите годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1