Внимавајте: Ако имате од овие колбаси на Екстра Меин веднаш да ги вратите во продавница


Компанијата „Екстра Меин“ од Куманово ги информира граѓаните дека по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство повлекува од продажба неколку свои производи:

06.08ekstra1Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07632; Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07633; Македонски колбас – вакуум – лот број 07329;
Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07369 и  Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07370.

– Доколку имате купено некој од горенаведените производи, ве молиме да го вратите во малопродажниот објект од каде што е купен, по што ќе бидат вратени средствата за купениот производ, информира „Екстра Меин“.

Компанијата попладнево негираше дека во нејзините месни производи има листерија и соопшти дека ќе бара суперанализа во реномирана светска институција и на изолат и на типизација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1