И Јакупи поднесе оставка од ДИК


Субхи Јакупи членот на ДИК предложен од ДУИ поднесе оставка.

– Американскиот амбасадор Бејли излезе со изјава дека целата постапка на гласање за надоместици била нетранспарентна. Точно дека беше зад затворени врати, во доцните вечерни часови, но тоа беше без моја вина. Јас не знаев дека оваа седница не е објавена на веб страницата на ДИК. Но, коректно е, од етички аспект да дадам оставка, затоа што не можеме да негираме дека сме постапиле нетранспарентно – рече Јакупи за Нова Тв.

Јакупи вели дека овој чин треба да биде поттик за младите генерации и институциите во ова општество да знаат дека мора да има повлекување од функција кога има нетранспарентност.

Засега нема никакви информации за членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, како и двајцата од редот на експертите, потпретседателот Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов.

Редакцијата на Плусинфо, од вчера се обидува да стапи во контакт со нив и да ги праша дали и кога планираат да поднесат оставка, но тие не одговорија ниту на телефонските повици ниту на СМС пораките.

Како што е познато, вчера оставки поднесоа претседателот Александар Чичаковски, и членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1