И Mакедонија дел од оскарите – визуелните ефекти за двата најдобри филма правени од македонци аниматори


Mакедонското студио за филмска и телевизиска продукција „Вертиго Висуал“, работеа на изработката на визуелните ефекти во филмот „Арго“, во режија на Бен Афлек, синоќа награден со Оскар за најдобар филм во 2012 година.

life-of-piМакедонското студио ФХ3Х пак беше дел од тимот, кој работеше на визуелни ефекти на филмот „Животот на Пи“, на режисерот Анг Ли, кој синоќа на свеченоста во „Долби театарот„ во Лос Ангелес, го освои оскарот во оваа категорија.

Тоа беше еден од трите филма на кои македонската компанија соработуваше од вкупно петте номирани филма во категоријата на визуелни ефекти за најпосакуваната статуетка кај филмските работници на Американската академија за кинематографска уметност и наука.

Станува збор за успешната соработка со тимот на Industrial Lights & Magic на третиот најпрофитабилен филм на сите времиња, „Marvels The Avengers” (Одмаздници) и на MPC Technicolor од Лондон, на филмовите „Prometheus” (Прометеј) и „Life of Pi” (Животот на Пи). Останатите два филма во конкуренција за визуелни ефекти беа „The Hobbit: An Unexpected Jorney“ (Хобитот: Неочекувано патување) и „Snow White and the Huntsman“ (Снежана и ловецот).

ФХ3Х соработуваа и нa проектот „Les Miserables” (Клетници)

Тимот на ФХ3Х работеше на „Ранго“, кој во 2012 година освои оскар во категоријата на долгометражен анимиран филм.

A1 on

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1