И Македонија ќе прави струја од ѓубрето


„Дрисла“ ќе стане фабрика за струја, топлина, гориво и за ѓубриво За неколку години „Дрисла“ ќе стане модерна депонија, која ќе рециклира 70 отсто од влезниот отпад и ќе произведува струја и топлина. Изградбата на капацитетите, вредни 73 милиони евра, ќе почне годинава. Инвеститор е италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“, кој неодамна потпиша договор со Град Скопје, според кој ќе управува со депонијата во наредните 35 години и ќе воведе нови технологии, согласно екостандардите на ЕУ, пишува Дневник.

gjubre– Овој проект ќе биде од големо значење за Скопје и за скопјани, бидејќи градот конечно ќе добие современ начин на депонирање на отпадот. Финансиски ќе биде исплатливо и за Градот, бидејќи тој ќе има 20 отсто удел во проектот, односно толку ќе добива од вкупниот профит – вели Горан Ангелов, генерален директор на „Дрисла“.
освен ова во Дрисла ќе се изгради и постројка за третман на градежен отпад, каде што тој ќе се дроби и ќе се дели на железо, бетон, тули и друг материјал, кој повторно ќе се користи за изградба на патишта и сл. Предвидена е компостара за третман на отпад од зеленило, шуми, дрва и слична биомаса, од што ќе се добива ѓубриво.

– Планирано е изградбата да почне уште оваа година. Периодот на завршување на сите градежни активности и пуштање во употреба на постројките е најдоцна за пет години, но раководството на Дрисла се оптимисти дека с` ќе се заврши за најмногу три години.

Izvor – Dnevnik 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1