И Македонија во евровизиски скандал?!


Македонија е обвинета за обид да наметне шема за менување гласови со други земји, за нејзината евровизиска песна да добие повисок пласман, пишува „Дејли мејл“.

Организаторите на Евровизија ги истражуваат тврдењата дека неколку земји, меѓу кои и Македонија, купувале гласови од други земји во годинешното финале што се одржа во Малме, Шведска.

Evrovizija2013Азербејџан е обвинет дека не само што се обидувал да ги поткупи членовите на жирито, туку и дека им платил на литванските студенти за гласаат повеќекратно.

За скандалот со купување гласови на Евровизија што деновиве е актуелен во британските медиуми, „Телеграф.мк“ побара мислење и од Тијана Дапчевиќ, претставник на Македонија за 2014 година.

– Првпат слушам за ова. Да бидам искрена, јас не сакам да губам време на вакви работи. Моментално ме интересира само да одберам добра песна и ништо повеќе – вели Дапчевиќ.

Азербејџан годинава беше второпласирана и доби максимални 12 поени од Малта, Бугарија, Литванија и од Израел.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1