Фолкерот Миле Кузмановски е една од жртвите на најбогатата фризерка во Македонија, пренесува Прес24.
Денес во скопскиот Кривичен суд започнува судењето на фризерката Благица Дончевска која е под обвинение дека измамила триесетина лица со фиктивно продавање на станови по 400 евра за метар квадратен.
Освен Дончевска која се товари за измама, за помагање во извршување на измамата е обвинет и нејзиниот татко.
Како што стои во обвинението, таа лажно се претставувала како лице што работи на проект за доделување станови за посебни групи со странски донации со кои би се покривал остатокот од сумата за становите.