Педесетиседум годишната С.Ј. од Сребреница е уапсена поради сомнение дека го планирала убиството на сограѓанката Р.И. (51).
Осомничената е обвинета дека го планирала убиството на љубовницата на својот сопруг.
Утврдено е дека осомничената го подготвувала убиството на соперничката и контактирала со потенцијален извршител.
Таа со него веќе се договарала како и кога да ја ликвидираат љубовницата на нејзиниот сопруг, но е разоткриена и уапсена.