Скопјанец нападнат, претепан и ограбен


На улицата „Кеј Димитар Влахов“ рано изутринава околу 5 часот додека Б.Ј. се движел пешки бил нападнат од страна на четири непознати лица.kej vardar

Тие излегле од возилото во кое се наоѓале, при што едно од нив го удрило во пределот на главата и откако паднал, лицата физички го нападнале барајќи му го мобилниот телефон, а потоа насилно му одзеле една машка ташна во која имал 300 евра, 3.000 денари, разни кредитни картички и други лични документи, по што лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1