И Обединетите нации ја супендираа Шарапова


Обединетите нации (ОН) ја суспендираа Марија Шарапова од функцијата „амбасадор на добра волја“, откако руската тенисерка призна дека била позитивна допинг.

Развојната програма на ОН (УНДП), која работи на намалување на сиромаштијата и нееднаквоста меѓу луѓето, на овој начин ја прекина деветгодишната соработика со Шарапова.sarapova

„Многу сме ѝ благодарни на Марија Шарапова поради тоа што ја поддржуваше нашата работа, особено програмата со закрепнувањето на регионот по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Сепак, како резултат на нејзинотро неодамнешно обраќање во јавноста, минатата недела ја суспендиравме нејзината улога како ‘амбасадор на добра волја“ и ги откажавме сите планирани активности се додека истрагата е во тек“, се наведува во соопштението на УНДП.

Откако Шарапова обелодени дека „паднала“ на допинг тестот, спонзорите започнаа да ги раскинуваат своите договор (Најк и Порше), но овој раскин на соработка дополнително ќе го наруши угледот на Русинката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1