По 12 години , славниот холивудски пар ќе се раздели, пишува Дејли мејл.
Како што пишува Дејли Мејл, Анџелина Џоли била таа која што ги поднела документите за развод, Парот започна да се забавува во 2004 година, а направија свадба во 2014.
Додека медиумите пишуваа дека Анџелина поднела барање за развод на бракот, бидејќи не и се допаѓало како Бред ги воспитува нивните деца, медиумите тврдат дека главниот виновник за разводот наводно е француската актерка Марион Котијар, со која Бред веќе со месеци ја изневерува Анџелина.
Иако ниту еден од нив не се огласил по повод овие тврдења, медиумите наведуваат дека Анџелина веќе извесно време била несигурна во љубовта на Бред, па ангажирала детектив кој со месеци го следел актерот. Кога се открило дека Бред е во врска со Марион, Чашата не трпение се прелила, па Анџелина веднаш му соопштила на сопругот дека сака развод. Адвокатот Роберт Офер рекол дека актерката во понеделникот побарала развод.