Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска и официјално донесе одлука за намалување на цените на топлинската енергија за 14,24 отсто за корисниците кои се снабдуваат преку „Балкан енерџи груп“ и за 13,45 отсто за корисниците што се снабдуваат со топлинска енергија преку „Скопје Север“ АД, Скопје.
„Промената на цената на топлинската енергија е предизвикана од падот на продажната цена на природниот гас за периодот од донесувањето на одлука за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за греење за 2012 година од 27.07.2012 година до денес“, се вели во одлуката на РКЕ.