И официјално: Црвенковски поднесе неотповиклива оставка


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски предмалку на ЦО на оваа партија објави дека не се кандидира повторно за оваа функција, со што и официјално започна трката за негов наследник, јави Нова ТВ.

branko-crvenkovski1

,,Не ги подржувавте моите одлуки и затоа се повлекувам, бидејќи знам да препознаам кога одлуките се носат со срце, а кога само со кревање на 2 прста,, рекол Црвенковски.

Од вечерва во СДСМ започнува лобирањето за нов претседател, од седницата на Централниот одбор на СДСМ во 18 часот, после конечната одлука на досегашниот лидер Бранко Црвенковски да не се кандидира за оваа функција.

Познати кандидати за нов лидер се: Зоран Заев како лидер и негов заменик Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов. Единствено последниот јавно ја обелодени својата амбиција за нов лидер на СДСМ, поддржан од фракционерите Владо Бучковски, Ѓорѓи Спасов и Миле Зечевиќ.

Според извори на НОВА од врвот на Партијата, Црвенковски најавил дека нема намера да се меша во кандидатурите, ниту пак да дава јавна ниту скриена поддршка до било кој кандидат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1