И ова ли е демократија – Демонстранти го врзале гувернерот за столб и го тераат да потпише оставка (Видео)


Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го врзале за метален столб, при што го терале да потпише оставка.

lusk demonstrОлександр Башкаленко бил именуван за регионален гувернер од претседателот Јанукович лично, а демонстрантите практично го симнале од власт неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласил ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинале најмалку 26 лица.

Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во тој град.

Башкаленко се обидел да разговара со нив. “Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми.”, им кажал на демонстрантите.

Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.

Башлаленко бил насилно изведен пред зградата и врзан со лисици за метален столб. Демонстрантите се обиделе да го натераат да потпише оставка.

Точка.ком.мк

  

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1