10 мртви, демонстрантите зазеле хотел, пукаат со снајпери – екипата на РT нападната (ФОТО/ВИДЕО)


Радикални демонстранти нападнаа кордон полицајци на улица во близина на плоштадот во Киев, со што нарушено е примирјето договорено за Денот на жалост. Демонстрантите се обидуваат да влезат во зградата на парламентот и употребија огнено оружје против полицијата која се повлече и чека засилување.

kiev protestiУкраинското МВР соопшти дека снајперист пука врз полицајците на плоштадот, при што ранети се над 20 припадници на полицијата. Демонстрантите палат гуми и фрлаат со молотови коктели и камења врз полицијата. Силите на редот пукаат врз демонстрантите со гумени куршуми и шок бомби.

Прогласена е итна евакуација и членовите на парламентот и вработените ја напуштаат зградата

Вооружените демонстранти го зазеле хотелот Украина, заробувајќи ја екипата на РТ внатре, и пукаат од прозорците кон луѓето надвор.Демонстрантите пукале кон екипата на РT што се обидувала да го сними разгорувањето на насилството на киевскиот Плоштад на независноста.

Полицијата јави дека повеќе од 20 полицајци се повредени со снајперски оган.

И ова ли е демократија – Демонстранти го врзале гувернерот за столб и го тераат да потпише оставка (Видео)   

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1