Финалистите од Х Фактор на концерт во Скопје!


На 14 март конечно ќе се случи она што македонската публика долго време го посакува. Во спортскиот центар Борис Трајковски, легендарните Кики Лесендриќ и Пилоти заедно со ѕвездите од Х-Фактор, ќе одржат незаборавен концерт во Скопје.

x faktorБалкан Медија со гордост најавува дека во март во Скопје, сите заедно ќе се забавуваме иќе ги пееме песните со нашиот неверојатно талентиран и скромен Даниел Кајмакоски, Лукијан Ивановиќ, неверојатната Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, и неповторливите Доктори.

Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на Купи Карти За Се како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор. Цената на влезниците до 5 март е: трибина – 400, партер – 350, фан пит – 700 и вип трибина – 1000.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1