И по 50 % намалени цени во Бугарија за да ја спасат зимската сезона


Со попуст во просек од 50 отсто може да уживаат туристите што сакаат да одмораат во големите зимски центри во Бугарија. Хотелите и рестораните драстично ги намалија цените за да привлечат посетители во полупразните објекти поради недостиг на снег на планинските комплекси за рекреација . Ова го покажува проверката на „Монитор“ на интернет-страниците со понуди за престој.

zicaraНајголеми намалувања има во хотелите со пониска категорија. Така, на пример, во хотел со 3 ѕвезди во Банско еднодневен пакет за двајца чини околу 20 евра или за 44 отсто помалку од вообичаената цена. Во сумата влегува ноќевање, а исто така и бесплатно користење фитнес, подземна гаража, безжичен интернет и други поволности.

Ексклузивни понуди има и во хотелите што нудат ол-инклузив. Ноќевање со појадок и вечера во Банско излегува 18 евра, што е намалување за цели 57 отсто. Намалувања од приближно 50 отсто има и во Пампорово каде што ноќевање во хотел чини 25 евра. За да ја спасат сезоната, на ова се одлучија и хотели со 5 ѕвезда во Боровец, во кои две ноќевања во двокреветна соба чинат 47 евра наместо 188 евра колку што чинеа претходно. Рестораните во одморалиштето дури прогласиле специјални понуди за бугарските туристи. Во некои установи тие достигнуваат и до 20 отсто.

„Не паметиме толку лоша сезона, минатата имаше снег, претходната исто, оваа нема“, се пожали сопственикот на ресторан во пустото за ова време од годината одморалиште.

Возрасен маж од Самоков, кој шета со коњчиња деца за 5 евра, пак, раскажа дека дури ретките странци, во последниве години главно Македонци, Романци и Руси, воопшто не трошат. „Сигурно доаѓаат во рамките на некакви социјални програми“, претпоставува тој.

Се покажа дека и покрај промоциите во хотелите и во рестораните и ретките скијачи поради оголените и со истопен снег од топлото време снег писти, не се сменети цените за ски-лифтовите. Така, дневната карта за објектите и натаму изнесува 27 евра. Поради тоа не се формираат вообичаените редици пред нив.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1