И по 800 години се уште мистериозен документ – Магна карта


Релативно мистериозен документ – не многу долг, не многу елегантно напишан, само 3.500 зборови на средновековен латински јазик нечитко ставени на една страница пергамент, тоа е Големата повелба.

Магна Карта, која во оригиналот е напишана на латински јазик е резултатот на принудата што врз самоволниот крал ја извршиле група побунети средновековни барони, за да го ограничниот кралскиот апсолутизам, но  Повелбата далеку ги надраснала првичните намери на бароните од пред осум векови.Magna carta2
Според правните експерти, Магна Карта не само што го надрасна своето време, туку остана „жива и свежа“ до денешно време, затоа што врз овој документ од Средниот век се уредени основите на човековите права и слободи, судењето со порота, или правото да нема држење во притвор (затвор) на неопределено време, без судење.
Оваа Повелба уреди, правото и правдата да не бидат само желба на кралот, или во денешно време на владите, дека сите се еднакви пред законите и сите, без исклучок, може да бидат приведени и затворени, доколку се огрешиле од законските одредби.
Магна Карта овозможи раѓање на парламентарната демократија, обврската за фер судење, ограничување на кралската (и политичката) моќ, како и контрола врз злоупотребите.
Големата повелба на слободите, како што е нејзниот целосне назив, преведен од латински, практично, е мировна спогодба меѓу кралот и бароните.Оригиналот бил напишан и запечатен на животинска кожа.Magna carta

И како приемер за тоа колку возбудливо може да биде едно старо парче хартија, во 2007, милијардерот филантроп Дејвид М. Рубинштајн плати 21.300.000 долари за да купи една подоцнежна верзија, а потоа го позајми за стално на Државниот архив, каде што секој може да ја види на екран.

На 15 јуни, 800-от роденден на Магна карта се одбележува со богата церемонија во Runnymede, ливада во близина на Виндзор, каде што пред 8 векови кралот Џон од Англија капитулираше пред барањата на бароните и го стави својот кралски печат на оригиналниот документ.

Оригиналната Магна карта стана основа за голем број на последователни договори во текот на годините, потпишана повторно и повторно од разни кралеви, кулминирајќи во подефинирана верзија во 1297, една од тие копии г-дин Рубинштајн ја купи за Националниот архив.

Но, беа потребни векови подоцна Магна карта да „воскресне“, и реинтерпертирана да се втемели како голем симбол на владеењето на правото. На неа се повикуваа во раните денови на американските колонии, повторно за време на подготовката на Уставот, и безброј пати од тогаш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1