И покрај анестезијата, дел од пациентите се будaт во текот на операцијата


Повеќе од 300 луѓе во Велика Британија и Ирска изјавиле дека биле будни во текот на операцијата, и покрај тоа што добиле општа анестезија, се вили во истражувањето што го спровеле Кралскиот колеџ за анестетика и британското Здружение на анестезиолозите.

Како што пренесува во средата BBC, ваквата појава се случува просечно во текот на една од 19 илјади операции. За ова истражување, инаку, биле анализирани три милиона операции во период од една година. Повеќе од 300 луѓе во тој период искусиле некој вид свесност во текот на зафатот.operacija sala lekar

Повеќето случаи биле кусотрајни и се случиле пред операцијата или откако била довршена. Меѓутоа, 41 отсто од случаите оставиле трајни психолошки последици. Пациентите опишале различни чувства коишто ги доживеале откако сфатиле дека се разбудиле, од паника и болка до шок. Најлошо било чувството на парализираност и неможност за комуникација.

Иако таквите случаи релативно биле ретки, лекарите велат дека треба да се стори повеќе за тие да бидат исклучени. Особено би требало да се обрати внимание на жените кои добиваат општа анестезија при царски рез. Тоа е оперативен зафат кој најчесто се врши по итна постапка, а дури дна од 670 жени можела да искуси притоа некој вид свесност. Експертите велат дека тоа се случува, бидејќи, од една страна треба да биде успиена мајката, а од друга страна, пак, бебето да биде оставено будно.

Освен кај царскиот рез, оваа ситуација се јавува почесто од инаку и кај зафатите на белите дробови и на срцето, како и кај операциите врз пациенти со поголема телесна тежина. Севкупно, најголемиот дел од случаите во текот на операцијата се случуваат поради неадекватен баланс на лековите за опуштање на мускулите кои се даваат во комбинација со оние препарати кои ја придушуваат свеста.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1