Милионскиот бизнис ќе цвета и кај нас – направена одлична Македонска видео игра (Видео)


Македонското студио Tesseract Interactive работи на компјутерска игра која ќе се обиде да ја стави Македонија на мапата на светската гејминг индустрија.

Се започна како хоби од неколку пријатели кои го формираа студиото Tesseract Interactive со цел да ја создадат една од првите професионално изработени македонски игри и истата да ја пласираат пред пошироката светска публика. Кон таа цел значително се приближија лани кога добија грант од бугарскиот стартап акселератор LAUNCHub кој одкако се увери во потенцијалот и квалитетот на овој производ, се одлучи да инвестира 30.000 евра за негов натамошен развој.timthumb[1]

“Excubitor е Sci-Fi игра со интензивна акција забавен и едноставен гејмплеј изработена со примамлив визуелен стил. Погодна е за сите денешни играчи како и љубителите на постарите аркадни игри, не бара премногу вештина за привикнување на контролите, но може да понуди предизвик и за ентузијастите. Excubitor покрај за Windows е достапна и за корисниците на конзолите Linux, и Mac“

Tesseract Interactive слободно може да се рече дека се македонски пионери кои се обидуваат да го развијат овој тип на индустрија и во Македонија, со што и нашата држава полека но сигурно би почнала да го фаќа чекорот кон светската гејминг индустрија која од година во година бележи вртоглави растови.Screenshot_18

Еден таков голем чекор беше одпочнат токму денеска одкако Excubitor конкурираше за свое место во онлајн продавницата на светски реномираниот гејминг гигант Steam. За оваа перспективна македонска игра да се најде под брендот на Steam треба прво да го добие зеленото светло од светската гејминг заедница и да се пласира во топ 100 нови игри кои самите корисници на Steam би сакале да ги играат преку оваа платформа. Токму тука е и вашата шанса да помогнете да го пласираме овој македонски производ во светски рамки.

Excubitor_Poster[1]

Доколку сте македонски гејмер и сакате да помогнете нашиве деца да успеат во нивната намера да ја стават Македонија на картата на светската гејминг индустрија, појдете на следниoв линк и дадете ја својата подршка за оваа македонска игра да го добие зеленото светло кое неминовно го заслужува.

http://steamcommunity.com/sharedfiles/filedetails/?id=278761249

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1