Пронајден истражувачки брод исчезнат пред 160 години


Еден од двата брода, исчезнати пред повеќе од 160 години, е пронајден за време на британска експедиција во водите на Арктикот, објави канадскиот премиер Стивен Харпер.brod, potonat vo 19 vek

Бродовите „Ербус“ и „Терор“, предводени од британскиот истражувач Џон Фреклин, последен пат се видени кон крајот на 40-тите години на 19. век, а Канада во 2008 година започна потрага по нив.Според Харпер засега не е јасно кој од двата брода е пронајден, но фотографиите покажуваат дека сигурно станува збор за еден од нив. 10092014092945_brod isceznat

Истражувачот Френклин со 128 членови на истражувачкиот тим исчезнале за време на експедиција почната во 1845 година во потрага по пат од Атлантскиот до Тихиот Океан.

– Ова е историски момент за Канада, изјави премиерот Харпер.
Потрагата по бродовите на Френклин е еден од приоритетите на владата на Харпер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1