И полицајците се нечии родители, браќа и сестри, не заслужија брутално да бидат нападнати


Македонскиот полициски синдикат најостро ги осудува вчерашните насилни протести пред Владата на Р. Македонија во кои беа повредени над 30 македонски полицајци, од кои 8 поради тежината на повредите се хоспитализирани.

-Овие луѓе се нечии родтели, браќа и сестри, кои сега се во длабока траума и тага, а со ништо не придонесоа така брутално да бидат нападнати. За тоа говори фактот што при вчерашните немири не е повреден ниту еден од демонстрантите, истакна Тихомир Климоски, претседател на Македоснкиот полициски синдикат.

policija

Од МПС апелираат до организаторите на овие немили настани сериозно да размислат при организацијата и спроведувањето на истите поради фактот што се ангажирани лица кои и се добро познати на полицијата и се регистрирани како насилни и криминални структури.

-Прагот на толеранција кој постои при секое професионално полициско постапување при вакви настани одамна е пречекорен и ние мораме да ги применуваме професионалните стандарди кои ги применува секоја полиција во едно демократско општество, потенцираше Климоски.

Тој посочи дека не постои демократска држава во која при вакви немили настани има толку голема бројка полицајци кои се повредени, а нема ниту еден повреден демонстрант.

МПС изрази длабоко сочувство и поддршка кон нивните повредени колеги и нивните семејства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1