ФОТО Откриено како изгледал Исус Христос како дете!


Италијанските детективи тврдат дека откриле како Исус изгледал кога бил момче. Имено, тие со помош на компјутерска форензика ја обработиле најпознатата реликвија на светот и врз основа на неа ја базирале својата проекција на Исус кога бил дете.

Со помош на Торинското платно, во кое, според верувањето, е посмртно обвиткан Исус, полициските истражители ја реконструирале сликата од материјалот. И тогаш го направиле обратен процесот на стареење за да го создадат младиот Исус, намалувајќи ја вилицата, кревајќи ја брадата и порамнувајќи го носот.isus dete
Италијанската полиција ја користела истата техника како кога се обидува со сигурност да открие како сега изгледаат злосторниците кои се во бекство повеќе од неколку години. На тој начин е добиена и фотографијата на мафијашкиот бос Бернард Провенцан, од фотографијата снимена во 1959 година, а кој е уапсен во 2006 година.

Иако програмата е мошне сигурна, тешко е да се оцени дали Исус навистина така изгледал во детството од едноставна причина што ниту автентичноста на платното од Торина не е докажано. Научниците порано утврдиле дека ткаенината е, всушност, направена неколку години по смртта на Исус, но верниците сметаат дека за анализата земале делови од ткаенина кои дополнително се дошивани на оригиналот.isus dete2

Приказот на Исус како момче и методите кои се користени за да се дојде до тој приказ, ќе бидат обработени и во документарната програма на италијанската телевизија, а сето тоа заедно е направено за да се проследи моменталното изложување на Торинското платно на јавноста, првпат по 2010 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1