И признал дека има ХИВ, девојката го прегази со автомобил (видео)


На социјалните мрежи се појави шокантна снимка на која се гледа како црвен Форд Мустанг во Аризона удира велосипедист. Мажот прелетува преку Мустангот. Зад воланот на црвениот автомобил се наоѓала неговата девојка на која велосипедистот низ смеа и` признал дека има ХИВ, а неа тоа воопшто не ѝ било смешно. Две сериозни грешки, направени истовремено, биле премногу, а тој преживеал само со чиста среќа.gazi-520x290

Со автомобилот управувала Мисти Ли Вилк (43) од Феникс и таа го прегазила нејзиното момче откако ѝ рекло дека е ХИВ позитивен.


Велосипедистот од јачината на ударот прелетал преку автомобилот и паднал на земја, додека Мустангот се оддалечил со голема брзина. Повредениот маж успеал да стане и во шок се обидел да побегне, но набрзо се сопнал и паднал преку оградата на куќата во близина. Мисти Ли Вилк е уапсена, додека нејзиното момче се здобило со фрактура на пршлените и повреда на главата.

Изливот на бес на оваа жена бил предизвикан од жолчна кавга со свршеникот, која започнала штом се разбудиле, откако ѝ рекол дека е ХИВ позитивен, покажува судската документација.

Вилк ѝ рекла на полицијата дека момчето се смеело кога ѝ кажало дека е ХИВ позитивен и дека ја нападнал со нож и ја пресекол на раката.

Таа, половина час после инцидентот повикала полиција, на која ѝ рекла дека го „турнала“ момчето откако тој ја нападнал со нож, а полицајците забележале мала исеченица на нејзината рака, јавуваат локалните медиуми.
Вилк рекла дека потоа влегла во автомобилот и забрзала, возејќи преку паркот не грижејќи се за околните случувања.

Наводно, ѝ раскажала на полицијата дека била свесна дека удрила некого, но не знаела како нејзиното момче се нашло пред автомобилот. Мисти Ли Вилк е во притвор, а поротата од округот Марикоп ја обвинува за обид за убиство, напуштање на местото на несреќата и нанесување на тешки телесни повреди со смртоносно оружје.

Вилк се изјаснива дека не е виновна по ниедна точка од обвинението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1