Кога го одвеле на испитување, психички експерт ги потврдил нивните сомнежи и потврдил дека има натприродни способности. Хедер тврди дека нејзиниот син предвидел дека таа ќе го изгуби детето што го носела, преку спонтан абортус, а подоцна ќе роди две машки близнаци.
“Додека бев бремена, Елијах ми кажа – Мамо, твоето бебе ќе оди кај Господ – го прекорив да не зборува така! Исплашена бев бидејќи тој стварно ги погодуваше овие работи. Неколку дена подоцна доживеав спонтан абортус, а син ми дојде и ми кажа да не се грижам, дека се е во ред. Подоцна ми кажа: “Не грижи се мамо, ќе имаш две бебиња и тоа две машки бебиња, близнаци“, а јас во мојата глава си мислев дека тој зборува вака бидејќи сака братчиња”– пренесува Daily Mail..
“Неколку месеци подоцна, лекарите ни кажаа дека очекувам близнаци – и дека ќе бидат момчиња” – продолжува Хедер. По ова таа навистина се загрижила за здравјето на својот син и го повикала Дениз Лескано, психички експерт да утврди дали Елијах навистина има натприродни моќи или покажува знаци на ментална болест. За време на нејзината посета, Денис Лескано стапила во контакт со покојните баба и дедо на Елијах преку него и на тој начин ја разрешиле мистеријата.
Дениз открила дека мајката на Хедер е таа која ја пренела пораката за спонтаниот абортус на Хедер, преку нејзиниот внук, како и таа за двете машки близначиња.
“Елијах ги покажува сите знаци на многу надарено дете и има способност да се поврзе со светот на душите” – објаснува Лескано. “Тој има многу изразено чувство дека живеел и претходно па збори и за тој живот”. Лескано им дала многу важни инструкции за справување со дарбата на нивниот син..
Дениз ја поседува истата способност уште од свои 9 години. Таа и помага на полицијата да ги разрешат убиствата или да пронајдат исчезнати лица, користејќи ја својата психичка моќ.