Ерик Нори (40) од Флорида останал без дел од ногата по нападот од ајкула на Бахамите, пред очите на неговата сопруга, четирите ќерки и неговиот роднина.
Ерик е најголемиот несреќник или најголемиот среќник на светот, бидејќи пред нападот на ајкулата преживеал удар од гром, каснување од змија и два напади од мајмун.
Веројатноста дека ќе ве нападне ајкула е еден наспроти 11,5 милиони, а шансите да ве удри гром еден наспроти 280.000 (во САД).
Покрај бројните средби со смртта, Ерик вели дека мислел дека е готово кога го нападнала ајкулата.
Почуствував крцкање на задниот дел на ногата додека се враќав кон чамецот по подводниот риболов.
Кога се свртев ја здогледав акулата која го одвојуваше месото и носејќи дел од мојата нога започна да плива околу мене, но тогаш мојот роднина скокна по мене во водата, вели Ерик.
Тој успеал да го запре крварењето и веднаш потоа бил пренесен во болница и опериран.
Ова е само една од несреќите кои Ерик ги имал со животните.
Пред неколку години поради каснување од змија лежел на интензивна нега три години.
Веднаш штом заздравел го нападнал мајмун, но за среќа оваа повреда не го загрозила неговиот живот.
Исто така тој има преживеано удар од гром.