И Србија го избра својот претставник на Евровизија


Србија на 61-от избор за песна на Евровизија во Стокхолм ќе ја претставува Сања Вучиќ ЗАА.

Сања ќе биде помеѓу претставниците на 43 земји од Европа и Австралија. Натпреварот се одржува од 10 до 14 мај, а претставничката на Србија ќе се бори со песната „Goodbye“ на Ивана Петерс, која е и текстописец. Аранжманот го потпишува Иван Илиќ, а програмер е Урош Марковиќ.sanja-640x360

-Претставникот на Србија на овогодинешниот ‘Евросонг’ е избран на конкурс на РТС. Оваа година претставуваме една млада и исклучително талентирана пејачка, чија интерпретација и енергија, веруваме, ќе биде изненадување како за домашните, така и за странските љубители на ‘Песна на Евровизија’. Овој принцип му овозможи на РТС на натпреварот да прати едно ново лице, за кое сметаме дека српската песна ќе ја претстави на најдобар можен начин. Зад изведувачот стојат сите ресурси на РТС, вклучително и оркестрите, аранжерите и продуцентите кои работат за нашата ТВ куќа – рече шефот на делегацијата на Србија Драган Илиќ.

Специјалната емисија во која ќе биде претставена песната е на програмата на РТС на 12 март, сабота, во 21 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1