И Србија и Бугарија се откажаа од Евровизија – немале пари


Одборот на Радио и телевизија Србија одлучи земјата да не испрати свој преставник на Евросонгот 2014 во Копенхаген

Србија ќе биде без претставник на Евровизија 2014. година во Копенхаген, одлучи Одборот на Радио и телевизија Србија.

evrovizija– Континуираното учество на Србија на Евросонг е прекинато поради финансиски причини, односно трошоците неопходни за учество и организирањето на заминување на делегација на Евровизија, се наведува во соопштението од РТС.

Србија како самостојна држава учествува на ова натпреварување од 2007 година, постигнувајќи добри резултати. Србија во 2008 година беше и домаќина на изборот.

Освен Србија и Бугарија нема да учествува на Евровизија во данската престолнина Копенхаген.

Бугарската национална телевизија објави дека се откажуваат од Евросонг поради финансиски причини

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1