И Србија ќе дигне ѕид за имигрантите – ќе ја преплават ли Македонија?


Како што пишува српски Блиц, од Брисел стигнало јасно предупредување, каналот на имиграција мора итно да биде затворен, во спротивно ќе дојде до „потопување“ на цела Европа.

Србија, по се изгледа дека ќе го следни унгарскиот пример и ќе дигне ѕид против имигрантите.

migranti-ungarija

Европскиот комесар за имиграција, внатрешни работи и граѓани, Димитрис Аврамополус, подвлекол дека ЕУ е загрижена за балканскиот пат на илегална имиграција.

-Криумчарите со луѓе го отворија овој пат, па приливот на имигранти е се поголем, што е основ за загриженост. Само во јули во Унгарија пристигнале 35.000 азиланти, објаснува Аврамополус.

Дали Европа сакајќи самата да се заштити ќе ја стави во проблем повторно да биде преплавена со бегалци Македонија? Доколку и Србија по налог на Европа ги затвори границите за мигрантите, грците организирано ги спроведуваат до македонската граница, се поставува прашањето дали ќе останат заглавени кај нас и ќе ја преплават ли Македонија илјадници бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан???

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1