И Стивен Сигал сака руско државјанство


Кралот на холивудските акциони филмови Стивен Сигал, изјави дека размислува за тоа да земе руско државјанств

putin segalИако ја сака својата Америка, актерот вели дека е можно да одлучи да постапи како неговиот француски колега Жерард Депардје и да стане граѓанин на Русија, пишува Москва тајмс.

Сигал моментално снима филм во Романија, но во центарот на вниманието се најде поради тоа што јавно го поддржа присоединувањето на Крим со Русија. Во таа прилика, рече дека ја разбира желбата на претседателот на Русија Владимир Путин, да го заштити руското население на Крим и во базата на Црноморската флота.

Нарекувајќи ја американската политика кон Украина „идиотска“, Сигал изјави дека американските медиуми известуваат за Украина така што отворено ги промовираат ставовите на претседателот на САД, Барак Обама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1