И терасите ќе се легализираат по евро за квадрат. Владата го усвои измените во законот за легализација на дивоградбите,а ова е направено на барање на граѓаните и општините, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Со измените во законот се регулира и распределбата на надоместокот од легализацијата. Од сега градот Скопје ќе добива 60, а општините 40% од парите.
Досега за легализација на тераса во Скопје се плаќаше од 100 евра па нагоре, а во внатрешноста најниската цена изнесуваше 40 евра.
Инспекторатот е на терен и проверува како тече процесот, а извештајот ќе биде готов за две недели.
Досега се легализирани околу 50.000 од 350.000 дивоградби. Рокот за поднесување геодетски елаборат истекува на 18.06.2014 година.