Хелена Роза влезе „На задна врата“ (Видео)


Во изминатиов период охридскиот бенд „The Backdoor Band“ започна со снимање на авторска музика, а деновиве во Скопје и Охрид со промоција го претставија видео записот за нивниот прв сингл со наслов „На задна врата“

backdoor-bandВидео записот е снимен во дискотеката „Парк“ во Охрид, во продукција на Даниел Јовески – Sustain Entertainment, а  по сценарио на  „The Backdoor Band“. Главниот женски лик во спотот го толкува Хелена Роза, а главниот машки Петар Џепароски.
„Музиката за првиот наш сингл е на Жарко Јакимоски и Лазе Фармакоски, текстот на Жарко Јакимоски, а аранжманот на членовите на бендот. Задоволни сме од промоцијата и приемот кој го имавме како во Скопје, така и тука во Охрид. За скоро време, ќе снимаме нов видео-запис, а до есен би требало да излезе нашиот прв студиски албум.“ – вели тапанарот на бендот, Никола Колјушевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1