И тоа има – Обвинителка од Штип го избришала синот од предметот


Обвинителот Татјана Кацарова од штипското Јавно обвинителство го штити својот син кој учествувал во тепачка во дискотеката “Мистик”, којашто се случи во март минатата година по митингот на партијата СДСМ во тој град. Ова го тврди еден од претепаните во инцидентот кој се обрати до медиумите откако заклучил дека процесот може многу лесно да падне и побарал изземање на Кацарова, пишува Вечер.

mistikk-600x360Тој тврди дека обвинителката, која била назначена да го води овој предмет, го повикала на службена разговор и одбила да го запише нејзиниот син со целосно име и презиме како напаѓач во записникот од разговорот.

Кога отидов на сослушување кај обвинителката Татјана Кацарска и кога почна да ме испрашува за случајот од лани што беше во дискотеката “Мистик”, почнав да ги кажувам кои биле таму, притоа го кажав и името и презимето на нејзиниот син, таа само го запиша неговото име не презиме и ми се потсмеваше, вели оштетениот чиј идентитет е познат на Редакцијата.

Тој во средата побарал изземање на обвинителката од случајот, а уште наредниот ден, по зачудувачки експресна постапка, неговото барање било одбиено. “Вечер” и телевизијата Сител се обидоа да стапат во контакт со основниот јавен обвинител во Штип, Ристо Бојаџиски, за да ни се објаснат детали и факти околу случајот, но од неговата канцеларија ни беше соопштено дека во моментот тој е на состанок. Бојаџиски треба да објасни како обвинителот Кацарова е назначена да го води овој предмет во кој како обвинет се води нејзиниот син, што се коси со сите законски норми и регулативи.

Од тепачката во “Мистик” поминаа 10 месеци, а штипското обвинителство се уште нема покренато обвинение за учесниците. Според официјалните информации од МВР во случајот се инволвирани синот на екс претседателот на СДСМ, синот на штипски бизнисмен и неколку нивни пријатели.

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1