Ви стигна ли честитка од Топлификација? – наплаќаат задоцнета камата – а тие камата не даваат


Скопска „Топлификација“ воскресна! Вака шеговито реагираат граѓаните на најновите „честитки“ што ги добиле од компанијата, која повеќе од една година не ги грее радијаторите, а деновиве им испратила сметки за наплата на затезна камата зашто доцнеле со плаќањето. Така „Топлификација“ бара од 1.200 граѓани да ~ платат затезна камата затоа што со задоцнување ги платиле сметките за парно, а на 1.800 граѓани на кои с` уште не добиле поврат за преплатените сметки од крајот на 2012 година, нема намера да им ги врати со затезна камата иако доцни со враќањето повеќе од една година, пишува Дневник

toplifikacija– Kога го отворив пликот се шокирав. Иако повеќе од една година не грее „Балкан енерџи груп“, добив известување од „Топлификација“. Ме известуваат дека во одреден рок треба да им платам околу 500 денари затезна камата, бидејќи со задоцнување од 100 до 120 дена сум платил три сметки за парно. Уште лани бев уредно на шалтер и на службеничката ~ потенцирав дека сакам да го платам вкупниот долг, заедно со камати и да се решам од нив. Таа ми ја кажа вкупната сума и уредно си платив. Што сега, по речиси една година што бараат од мене – прашува револтирано скопјанецот Мирко.

Тој се прашува дали и в година ќе добие ваква честитка, бидејќи и сега некој ден ќе задоцни со уплатата на каматата оти не му била пресметана во редовните трошоци за комуналии.

Ги побаравме и надлежните од „Топлификација“ да ги прашаме и зошто не пресметуваат затезна камата на парите што уште пред една година требаше да им ги вратат на околу 36.000 скопјани, бидејќи им наплатиле повеќе. Од компанијата велат дека и по една година имаат за враќање претплатени пари на уште околу 1.800 скопјани и дека доцнењето со враќањето на парите не е по нивна вина.

– Ова е единствен начин да ги наплатиме старите долгови. Порано каматата си влегуваше во наредната сметка, а сега мораше вака. Во почетокот на месецот им испративме вакви каматни листи на околу 1.200 граѓани, поранешни корисници. Долговите за камати се различни и изнесуваат од 150 до 1.000 денари – информира портпаролот на „Топлификација“, Драган Макенаџиев.

Тој информира дека уште околу 1.800 граѓани имаат пари за земање од компанијата бидејќи им наплатиле повеќе во сметките. Ним компанијата нема да им врати затезна камата за доцнењето со исплатата, бидејќи компанијата не била виновна за доцнењето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1